Кои сме ние?

“Млади за Македонија” е студентско друштво кое се бори против промена на името на нашата татковина Македонија. Ние сме непартиска организација кое ги обединува студентите и младите од сите политички спектруми соединети во одбрана на нашето име Македонија. Ние изникнавме помеѓу студентските кругови и решивме да го кренеме нашиот глас против неправдите и националното понижување кое секој ден и се случува на нашата татковина. Ние НЕ сакаме нашето име, идентитет, јазик, историја и се што е македонско да се смени!

Ние се изморевме од нашите политичари кои не ги штитат нашите македонските национални интереси и решивме сами да ги превземеме работите во свои раце и да стапиме во акција. Затоа го кренавме гласот и почнавме со студентски протести низ Македонија. Ние сме тука за да се бориме за македонските национални интереси! Ние сме тука за да се бориме за почитувањето на нашите основни човекови права – на нашето право за самоопределување! Ние сме тука за да се бориме за нашето достоинство, чест и углед! Ние сме тука за да се бориме за нашата иднина, за иднината на нашите деца, внуци и правнуци!