Ако нема македонско малцинство во Бугарија, ајде Бугарија нека дозволи референдум за независност на Пиринска Македонија! Ајде да видиме на дело дали има или нема Македонци во Пиринска Македонија! Ајде цел свет да види дали има или нема македонско малцинство во Бугарија! Ајде нека се приклучи кон Република Пиринска Македонија и нека се изјасни на референдумот и јужниот дел од ќустендилскиот округ, па да видиме дали и има или нема Македонци има во Бугарија!

Ние, младите генерации Македонци, јавно порачуваме дека никој нема право да ни ја одземе нашата иднината и без наша согласност да го смени уставот и да ги вметне Бугарите во македонскиот устав; што ќе има низа негативни последици по нашата иднина. Во исто време, се продолжува со негирањето на Македонците во Пиринска Македонија, кои се жртви на дискриминација, асимилизација и насилна колонизација веќе еден век. Не може да се зборува за вметнување на „Бугарите“ (непостоечко етничко малцинство) во македонскиот устав, без притоа Македонците во Пиринска Македонија да влезат во бугарскиот устав. Македонците во Пиринска Македонија буквално немаат основни човекови права и слободи.

Ако нема македонско малцинство во Бугарија, тогаш предлагаме Бугарија да дозволи референдум за незавосност на Пиринска Македонија! Ајде да видиме на дело дали има или нема Македонци во Пиринска Македонија! ајде Бугарија нека дозволи референдум за независност на Пиринска Македонија! Па пред цел свет да види дали има или нема македонско малцинство во Бугарија! Ако нема македонко малцинство, Бугарија нема да се плаши и ќе дозволи референдум за независност на Пиринска Македонија. Но доколку има македонско малцинство кои со над 50% + 1 глас од гласовите гласаат за независна Република Пиринска Македонија, тогаш Бугарија нека биде првата држава која ќе ја признае Независна Пиринска Македонија!

Бугарија вели дека над 100 000 државјани на Република Македонија зеле бугарски пасош затоа што се чувствуваат Бугари. Ние велиме дека никој од тие не се чуствува Бугарин, и како доказ на нашето тврдење предлагаме сите овие над 100 000 лица да гласаат за референдумот за Независна Пиринска Македонија! Бидејќи повеќето од нив се водат според лични карти како житело на Ќустендил и околината, предлагаме и јужниот дел од ќустендилскиот округ да се приклучи кон Република Пиринска Македонија! Па ајде да се преброиме дали има македонско малцинство во Бугарија или пак бугарско малцинство во Македонија!

За крај, потсетуваме дека воените рапарации на Бугарија за окупацијата на Вардарска Македонија сеуште не се завршена работа. Дел од обвските беа прецизирани со Бледскиот договор, кој гарантирше културна автономија на Пиринска Македонија, кој договор Бугарија го прекрши милион пати. Без разлика од исходот на предлогот за незавсна Република Пиринска Македонија, Бугарија сеуште ќе и должи воени репарации на Република Македонија, кои репарации ќе мора да се исплатат.

Ајде на референдумот за независна Република Пиринска Македонија, па да го решиме прашањето со Бугарија!