Движењето Млади за Македонија најостро ja осудува изјавата на потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, кој во своето гостување на „Тема на денот” на ТВ Сител на 03.06.2022, од име на ВМРО-ДПМНЕ го поддржа внесувањето на Бугарите во Уставот и додаде тека тоа е „нормално во еден демократски систем”. Изразуваме огорченост од оваа скандалозна изјава, која за секој Македонец претставува бугарофилство и ванчомихајловизам. Затоа, јавно бараме Тимчо Муцунски да понесе одговорност и да поднесе оставка од функцијата потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Потсетуваме дека Македонија е независна и суверена држава, а македонскиот Устав не може и не смее да се пишува ниту по желбите на Софија, ниту по желбите на EPP.

Дополнително, сакаме да ја информираме јавноста дека Тимчо Муцунски врши притисок и сака да го замолчи нашата невладина организација, а за истата намера ги злоупотребува парите на граѓаните и го оштетува буџетот на Општина Аеродром. Имено, на 22.02.2022 на денот на почетокот на кампањата на Млади за Македонија за јавно истакнување на македонското национално знаме, која е наменета за неколку општини, вклучувајќки ја и Општина Аеродром. Лица ангажирани во кабинетот на Тимчо Муцунски во Општина Аеродром, за време на работното време преку лажни профили на Twitter започнаа напади против активистите на Млади за Македонија, притоа со име и презиме посочувајќи го и споделувајќи содржини против менаџерите на компаниите кои финансиски на поддржуваат иницијативата за јавно истакнување на македонското национално знаме. Сличен бот-модел на напади на социјалните мрежи се спроведе и кога Млади за Македонија објави критика на изјавата на Тимчо Муцунски за вметнувањето на Бугарите во Уставот.

На Тимчо Муцунски, кој вели дека внесувањето на Бугарите во Уставот е „нормално во еден демократски систем”, ние ќе му порачаме дека притисок врз невладиниот сектор е НЕнормално во еден демократски систем. Апсолутно е неприфатливо притисок врз невладиниот сектор, и тоа е доказ дека Тимчо Муцунски нема политичка култура и демократски капацитет. Особено загрижува фактот што за плукање и напади на социјалните мрежи се користат лица вработени во Општина Аеродром, односно се злоупотребуваат народните пари. Ќе напоменеме дека ова не е прв случај, истото го правеше и Зоран Заев, кога вработениот во неговиот кабинет Алекс Ружин на социјалните мрежи вршеше кибер насилство, ширеше клевети и навреди против активистите на Млади за Македонија кои протестираа за одбрана на името Македонија. Истите напади се повторуваа и од сопруг на вработена во Владата на Заев.

Имајќи го во предвид горенаведеното, бараме Тимчо Муцунски да понесе политичка одговорност и да поднесе оставка од позицијата потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Линк од скандалозната изјава
https://www.facebook.com/MZMakedonija/videos/2182883435213446