info@mladizamakedonija.mk

Добредојдовте на официјалната веб страна на Млади за Македонија

Млади за Македонија и целата демократска јавност најостро ги осудувува јавно упатените пораки на власта до граѓаните за апсења и физичка ликвидација на граѓаните поради јавно напишано мислење на социјалните мрежи.

Пред неколку дена, заканите за физичка ликвидација на граѓаните беа јавно упатени преку официјалниот профил на Државниот архив, а истата државна организација ги пријави во МВР граѓаните кои не ја користат северна пред името Македонија. Наместо Министерството за Внатрешни работи да реагира по допрен глас против државниот орган – заканувач, Оливер Спасовски му отиде во посета на директорот на Државниот архив Емил Крстески, кој се крие позади профилот на Државниот архив и ги упатува заканите. Сметаме дека со овој акт Оливер Спасовски и владата испратија јасна порака дека застануваат позади Емил Крстески и заканите за физичка ликцидација на граѓани. Јавно прашуваме дали целта на заканите е да се создаде страв кај граѓаните за да не се бунтуваат против уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот? Дали Оливер Спасовски и владата со осовој гест упатија порака дека припремаат ФИЗИЧКА ЛИКВИДАЦИЈА И АПСЕЊА НА ПОЛИТИЧКИТЕ НЕИСТОМИСЛЕНИЦИ ЗА ДА СОЗДАДАТ СТРАВ И ТРЕПЕТ КАЈ НАРОДОТ ВО ПРЕСРЕТ НА НАЈАВЕНИТЕ УСТАВНИ ИЗМЕНИ ЗА ВНЕС НА БУГАРИТЕ?

Млади за Македонија е информирана за случаи каде Емил Крстески јавно телефонски им се заканува на граѓани и се дере дека ќе го пука народот со оружјето (пиштол) марка Магнум бидејќи народот го искажува своето миселње. Граѓаните се исплашени да го пријават случајот во полиција бидејќи власта го штити заканувачот Емил Крстески, а тоа дополнително се потврдува со присуството на Оливер Спасовски.

Потсетуваме дека Емил Крстески е кадар на ДОМ кој е поставен за директор во 2019 по барањето на ДОМ да им бидат доделени повеќе директорски места поради учеството на Маја Морачин и Лилјана Поповска во промената на вековното името. Односно, Емил Крстески има моќ да сее страв кај народот бидејќи тој и неговата партија учествуваа во промената на уставото име МАКЕДОНИЈА!

Бараме итна заштина на демократијата, владеењето на правото и на основните човекови права и слободи. Бараме режимот на СДС веднаш да ги тргне канџите од граѓаните и невладиниот сектор и да престане со заканите и политичките притисоци.

Со овој насилен чин, режимот на СДС уште еднаш ја покажа својата нервоза, паника и страв од граѓаните, ги злоупотребува институциите, и планира злоупотребува на полицијата за да креира инциденти. Заканите врз на граѓани за физичка ликвидација, само затоа што нго изрзува своето мислење, е недозволиво. Демократскиот свет не познава таквo.
Овој инцидент е озаконување на диктатурата на СДС и воведа во тоталитаризот. Денешната слика наликуваат на копија од ноќна на долгите ножеви во нацистичка Гермнија. Потстуваме дека режимот на СДС целосно ја копира дикатурата и постапките на Адолф Хитлер, а режимската пропаганда на СДСсе повеќе налитува како лично да е водена од Гебелс.

По секоја цена мораме да ја заштитеме демократијата и владеењето на правото и да не дозолиме режимот на СДС да создаде една нова нацистичка Германија (наречена Северна) која има за цел ццелосно да го униши македонскиот народ.

Потребна е реакција, сега и веднаш!

Никогаш Северна, Секогаш Македонија!

ИНФОРМАТИВНА СЛУЖБА НА МЛАДИ ЗА МАКЕДОНИЈА