Движењето Млади за Македонија бара итно разрешување на Владо Бучковски од позицијата “специјален претставник за Бугарија”, негово приверување и прекин на преговорите со Бугарија. Бучковски со скандалозното интервју дадено за бугарскиот “Дневник” на 7 декември 2021, ги поткопа македонските преговарачки позиции, со што го стори кривично дело против државата, по чл. 308 од Кривичниот законик на РМ („Загрозување на независноста“). Бараме Основното јавно обвинителство – Скопје да реагира по допрен глас и да побара притвор за Владо Бучковски.

Лицето Владо Бучковски е осуден криминалец, кој има конфликт на интереси да ја застапува Република Македонија во преговори со Бугарија. Притоа ќе наведеме:

  1. Близок член на семејството на Владо Бучковски, до нашето движење достави информации дека Зоран Заев направил таен договор со Бојко Борисов за финансирање на кампањата на СДСМ против Груевски. Бугарија ја финансирала СДСМ и избората кампања на СДСМ во 2016. Без парите на Бојко Борисов (какои без поддршката на Сашо Мијалков) Зоран Заев никогаш немаше да биде премиер. Со оглед на тоа поврзаноста на Владо Бучковски со СДСМ (корисникот на бугарските пари) и неговото назначување за специјален претставник од владата на СДСМ, како и тврдењето на членови на неговата фамилија дека Бугарија ја финансира кампањата на СДСМ, Владо Буковски мора да се разреши поради конфликт на интереси.
  2. Владо Бучковски е директно зависен од Бугарија и зема пари од бугарскиот буџет, затоа што е ангажиран на докторски студии на бугарскиот државен универзитет „Уни БИТ“, и е дел од мрежата „Jus Romanum“ на Софискиот универзитет.
  3. Владо Бучковски беше осуден за криминал од 3 милиони евра, при што му беше одредена казна затвор од 3,5 години, за потоа Врховниот суд да го ослободи од обвинение, а Зоран Заев во еден телефонски разговор кој излезе во јавност, се фалеше дека го има под целосна контрола Врховниот суд!
  4. Владо Бучковски за цел Македонски народ се перципира како докажан НАЦИОНАЛЕН ПРЕДАВНИК, кој во 2004 беше директен учесник во тогашната територијална поделба на Македонија, во која ги направија Струга и Кичево мнозински албански општини, а на Скопје му ги залепија Сарај и Кондово за да го направат двојазично! Во таа 2004 година Бучковски едвај извлече жива глава од Струга, кога Македонците сакаа жив да го запалат, па го спасуваа специјалните полициски единици!
  5. Владо Бучковски во 2001 ја саботираше одбраната на Република Македонија и нејзиниот територијален интегритет. Владо Бучковски уништи дел од македонското оружје, вклучувајќи ги тенковите и авионите Сухои, а сето тоа го стори со цел во случај на војна, Македонија да изгуби и да умитаар Македонци!

Поради наведените причини, местото на Владо Бучковски не е да биде “специјален претставник за Бугарија”, туку местото му е во Идризово!

За идните преговори со Бугарија, Млади за Македонија потсетува дека воените рапарации на Бугарија за окупацијата на Вардарска Македонија сеуште не се завршена работа, а Македонците во Пиринска Македонииа се жртви на континуирано прекршувања на основните права. Затоа сите преговори треба да одат кон таа насока, односно бараме исполнување на должностите од воените рапарации на Бугарија и човекови права за Македонците во Пиринска Македонија. Македонската крајна цел треба да биде многу јасна – добивање на културна и економска автономија на Пиринска Македонија!