Борбата за Македонија нема свој крај, борбата за Македонија има само свој почеток!


Денес се навршуваат 3 години од потпишувањето на срамниот Преспански договор, а во меѓувреме ни се подготвува нов предавнички договор со Бугарија. Но ние сме тука да се бориме до крај без предавање!

Иако Преспанскиот го потпишаа, ние го поништивме на референдумот!!! Уставните измени се целосно невалидни! Промената на името е нелегална, и формално правно името не е променето!!!
Бојкотот на референдумот беше наш маестрален шаховски удар со далекокусежни последици! Но овдека не завршуваме! По неуспешниот референдум, во шаховската игра следува потек кој ќе промени СЕ! Потегот се чекаше долго, наскоро следува вистински земјотрес!!!


Со сите сили работиме на нашата меѓудржавна партија шах, кај што еден потег може да трае и 10 минути, но и 50 години. Еден ден ќе дојде денот кога ќе го повлечеме и нашиот финален порег во оваа партија шах, а тој ден со златни букви ќе биде запишан во историјата на Македонија! Тој ден ќе се слави како државен празник и во историјата ќе стане позначаен и од самиот 2ри август


Битката за Македонија не е загубена, битката е само одложена, а војната воопште не е ни започната! Имаме многу потези за влечење, но со последниот потег ќе ја стресеме не само Европа, и светот! Македонија ќе победи и ќе си ја врати некогашната слава и големина!


Ние сеуште не сме го повлекле нашиот следен потек, но имаме едно големо изненадување!!! Ние не зборуваме и не се фалиме, ние делуваме! Нас ќе не видиме по нашите дела и акции! Наскоро, очекувајте не!

За да не ја политизираме и партизираме светата борба за нешето име, идентитет и човекови права, нашиот следен потег, нашиот ударот следува после изборите! Следува земјотрес, следува ураган!!!


Борбата за нашите човекови права нема свој крај, борбата за нашите човекови права има само свој почеток!

Македонија никогаш Северна, никогаш бугарска!

Смрт за Северна, да живее Македонија!

Никогаш Северна, Секогаш Македонија!

Македонија ќе победи по секоја цена!

Да живее Македонија!!!