Движењето Млади за Македонија најостро го осудува донесувањето на Законот за државјанство, каде што ќе се даваат македонски државјанства буквално со сметка за струја! Со овој закон, ќе се овозможи преку 80 000 Албанци од Косово да добијат македонско државјанство, 250 000 иселени Турци и нивните потомци, српските колонисти и нивните потомци, а притоа не сметајки ги и војниците на ЈНА и нивните потомци. Само еден од овие елементи е доволен да допринесе за менување на етничкиот состав на Република Македонија.

Овој закон е национално велепредавство и е силен удар по македонскиот карактер на државата. Овој закон ќе има далекокусежни последици по етничкиот баланс во Република Македонија, доведувајќи ја во прашање нашата иднина, иднината на нашите деца, внуци и правнуци! Давањето на овие државјанства е директна последица од промената на името, а во интерес на ветувањата на Зоран Заев за да обезбеди 2/3 мнозинство за промена на уставот.

Ќе се осврнеме на претходницата на законот за државјанство. Јавно прашуваме дали Филип Рикер е авторот на планот за промена на името ан Република Македониј? Јавно прашуваме дали американскиот дипломат Хој Ли е вмешан во киднапирања на децата на македонски функционери се со цел спроведување на промена на името? Јавно прашуваме дали Драги Рашковски и неговите роднини оргнизираа цела мрежа за саботирања на македонскиот отпор? Јавно прашување дали и Сашо Мијалков исто така организираше мрежа за саботирње на македонскиот отпор против промена на името?

Сегашниот закон за државјанства е директна последица на процесот на промената на името, тоа е само плаќање за гласањето на албанските пратеници за промената на името! За главен виновник за овој срамен закон го сметаме лично Зоран Заев. За втор главен виновник за гласањето на овој закон го сметаме лично Христијан Мицкоски, тој по втор пат ги предаде националните интереси и премолчено учествуваше и во оваа национално предавство. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ успешно обезбеди кворум за гласање на овој законот за државјанство, со што власта со само 57 гласа за успеа да го направи ова национално предавство.

Ние се изморевме од нашите политичари кои не ги штитат нашите македонските национални интереси и цело време глумат патритизам. Пратениците на опозиционата ВМРО-ДПМЕН се виновни бидејќи не спроведија блокирање на законот во Собранието. Сите видовме како тие лавовски се борат и го попречуваат собранието кога сакаат, за гласање на буџетот, за избор на судии, но за тоа што е МАКЕДОНСКО, само глумат патриоти! Впрочем, и уставните измени можеа да се блокираат, но и тогаш беа соучесник во националното велепредавство! За крај, сакаме да наведеме дека истите пратенци кои сега направија кворум за уставните измени, на чело со Александар Николовски, се истите тие кои во 2011 гласаа за амнестија на хашките случаи!