Борбата за Македонија нема свој крај, борбата за Македонија има само свој почеток!

Без разлика на резултатот од денешните избори, Млади за Макединија цврсто до крај остануваме во борбата за човековите права на македонскиот народ, и пред се одбрана на нашето право на самоопределување – правото да се викаме Македонија! Сакаме да нагласиме дека ние не сме политичка партија, туку младинско движење, затоа ние не се мешаме во изборите, нас не не интерасира кој за кого гласа, туку нас само не интерасира заштитата на човековите права на македонскито народ.

Нашите барања и залагања се јавно познати и се преточени во македонската платформа. Млади за Македонија во изминатиот период имаше интензивни средби со носителите на листите од повеќе политички партии, кај што ги испорачавме нашите барања преточени во македонсата платформа.

Сакаме да напоменеме дека секој кој очекува името да ги врати некој друг, не се лаже само себе си, туку и другите. Името може да го вратиме само ние Македонскиот народ!

Ќе бидеме искрени, ние сме целосно свесни дека двата предлога за министер за надворешни немаат когнитивни способности за да го разберат концептот на Македоносфера и процедурата за враќање на името. Едноставно, овие политичари немаат доволно висок коефициент на интелигенција. Затоа ние воопште не очекуваме партиите да го вратат името, наместо тоа името ќе го вратиме ние активистите од Млади за Македонија. За таа цел, Млади за Македонија подготвува огромен потег кој ќе промени СЕ! Наското започнуваме свет крстоносен поход против Преспанскиот договор и уништување на (зборот) ”Северна”!!!

Млади за Македонија завзема неутрална позиција и по правило не повикува да се гласа за ниту една политичка партија во вардарскиот дел на Македонија. Млади за Македонија единствено ќе ги поддржи и ќе повика на гласање за македонските партии во пиринска и егејскиот дел на Македонија, Голо Брдо, Преспа, регионот Гора, регинот Прохор Пчински (Прешево и Врање). Исто така, ќе повикаме македонскатан дијаспора да гласа за сите странски политичари и политички партии кои ја поддржуваат Македонија и се борат за нашето име, како Маријана Петир (Хрватска), Алекдандар Ној (Германија) Републиканска левица на Каталонија – ЕРЦ (Каталонија). Токму и затоа, на овие изботи единственпо повикавме да се гласа за Маријана Петир.

Смрт за Северна, да живее Македонија!

Никогаш Северна, Секогаш Македонија!

Македонија ќе победи по секоја цена!

Да живее Македонија!!!