Доколку не се врати македонското 16 кракото сонце на спомениците, ќе започнмене со крстоносен поход со демострации, блокирање на општините и блокирање на меѓународниот автопат E75 „Александар Велики“
Млади за Македонија ја известува јавноста дека веќе започна постапка за враќање на избрусените 16 краки македонски сонциња од спомениците низ државата, како и за враќање на државното знамето од Кутлеш, кое ќе се вее пред општините каде Македонците се над 20%.
До повеќе општини веќе се испратени барања, кои во исто време се и предупредување до тужба, со барање за враќање на 16 краките македонски сонциња, кои се избрусени од претходните градоначалници. По исполнувањето на нашите цели за врашање на сонцето на спомениците, во подоцнежните фази Млади за Македонија ќе започне постапка и за враќање на знамето од Кутлеш, кое бараме да се вее пред општините со мнозинско македонско население. Не бараме светото сонце да биде поставено на шахти и канти за ѓубре, бидејќи е навреда таму да стои, туку бараме знамето со 16 кракото знаме од кутлеш гордо да се вее пред општините.
Се фокусираме плански на веќе утврдени општини каде имаме сериозна поддршка и моќ. Млади за Македонија ќе ги направи сите напори сонцето ќе се врати по институционален пат. Доколку општините не го вратат македонското 16 кракото сонце, ќе започнеме со втората фаза, односно ќе почнмене еден вистински крстоносен поход против градоначалниците! Ќе организираме медиумска кампања, ќе започнеме со собирање потписи и јавна иницијатива за враќање на македонското сонце, ќе организираме демонстрации, блокирање на општините и блокирање на патиштата, вклучувајќи и блокирање на меѓународниот автопат E75 „Александар Велики“, а ќе почнеме и со судски процес пред домашните и меѓународните судови.
За македонските национални интереси не може да се направи никаков компромис ниту отстапка, туку тие безрезервно мора да се одбранат! Нашето сонце гордо ќе се вее!